ЦАРОВСКА: СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ МОРА ДА СЕ ПОМАГА ОТИ СОЗДАВА КАДРИ КОИ СЕ БАРАНИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ
01/12/2020 17:54Министерката за образование и наука Мила Царовска при денешната посета на Штип и Средното техничко училиште рече дека со јакнење на стручното средно образование се создаваат стручни кадри кои се барани на пазарот на трудот и кои веднаш може да се вклучат во производствениот процес. За таа цел активно се работи на обезбедување услови за практична настава за учениците како во самите училишта така и директно во компаниите.
Царовска се запозна и со инвестициите за унапредување на наставата во ова регионално училиште во кои учат ученици и од соседните градови и во поглед на и стручната настава, но и во поглед на реновирањето на училишната спортска сала која не е само училишна, туку е место за тренинзни и натпревари на повеќе спортски екипи во градот.
Министерката за Царовска го посети и Универзитетот „Гоце Делчев “ и повеќе основни и средни училишта во овој град каде образовниот процес се одвива претежно онлајн , а дел од основците се на настава и со физичко присуство.
Царовска смета дека хибридниот систем на настава со онлајн и физичко присуство и со строга примена на мерките во време на коронакриза се покажал како пример во регионот.






