(Видео)Тешка сообраќајна несреќа во центарот на Скопје
23/01/2021 8:48Вчера се случи тешка сообраќајна несреќа на крстосницата меѓу улиците Франклин Рузвелт и Теодосиј Гологанов во центарот на Скопје. Неофицијално дознаваме дека две лица се тешко повредени, дознава Канал 5.
До несреќата дошло кога автомобил ,,Пасат” со скопски регистарски ознаки удрил во две други возила . Од силината на ударот , се одбил и попатно соборил столбови на улицата.
Увидот траел до доцна во ноќта, се очекуваат повеќе детали во текот на денот.






