Уaпceни ceдyм лицa вo 1:30 пo пoлнoќ вo пoзнaт cкoпcки лoкaл
06/05/2021 13:31Полицијата ноќеска околку 1.30 часот по полноќ интервенирала во скопското кафуле „Три кичен бар“ зошто бил прекршен полицискиот час и мерките за заштита од болеста.
Од вчера, полицискиот час е скусен и започнува во 23 часот, а кафеаните мора да затвораат во 22.30.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека за непочитување на протоколите биле приведени 7 лица.
– На 06.05.2021 во 01.30 часот, по претходна пријава, полициски службеници од СВР Скопје извршиле контрола во угостителски објект на улица 50 Дивизија во Скопје. Притоа, во објектот биле затекнати седум лица, меѓу кои и Х.Џ.(43) од Скопје, одговорно лице во објектот.
Утврдено е дека објектот работи по дозволеното време односно не се почитуваат препораките и мерките на Владата за заштита од болеста. Лицата биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, велат од Министерството за внатрешни работи.





![Завршија зад peшетkи: Уапceни четири лица поради нaпaд на полициски службеници во Скопје policija-mk-777x437-225346[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mk-777x437-2253461.jpg)
![Зaтвopeн yгocтитeлcки oбjeкт вo cкoпcки Аеродром - пpивeдeни 9 лицa, oд кoи двe билe вpaбoтeни вo МВP policija-mvr[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mvr1.png)