Интервјуто на Опра Винфри со Хари и Меган со номинација за Еми
14/07/2021 21:45Интервјуто кое Меган Маркл и принцот Хари и го дадоа на ТВ легендата Опра Винфри во март е номинирано за Еми, едни од најпрестижните телевизиски награди во светот.
Интервјуто жестоко ќе се натпреварува со неколку други емисии, вклучувајќи ја и таа на легендата Дејвид Летерман.
Двајцата зборуваа за „лагите“ што ги прочитаа за себе во печатот, за нивните должности како кралско семејство, за тоа како снаата Кејт ја расплакала Меган пред денот на нејзината венчавка, за психичкиот пад што Маркл го имала за време на бременоста со Арчи и нападите од кралското семејство за бојата на кожата на нероденото дете. Во интервјуто, семејството објави дека планира да го именува своето второ дете по Дајана, покојната мајка на принцот Хари и принцот Вилијам.
Церемонијата на доделувањето на Еми наградите се очекува да биде на 19 септември и со публика, освен ако бранот КОВИД не се врати во полна сила.






