MKinformer

your daily dose of news

Кафеави или бели јајца: Кои се поздрави и дали навистина има разлика?

21/03/2026 20:31

Кафеави или бели јајца, дали има разлика во нивната нутритивна вредност и кои се подобри. Многу луѓе веруваат дека кафеавите јајца се поздрави, поприродни и поквалитетни од белите, па токму затоа често се одлучуваат за нив кога купуваат. Но, според експертите, разликата меѓу белите и кафеавите јајца е многу поедноставна отколку што најчесто се мисли.

Главната разлика меѓу овие два вида јајца е бојата на лушпата, а таа зависи исклучиво од расата на кокошката што ги снела. Кокошките со бели пердуви најчесто несат бели јајца, додека кокошките со кафеави или црвеникави пердуви обично несат кафеави јајца.

Нема значајна разлика во хранливата вредност

Без разлика дали се бели или кафеави, јајцата се вбројуваат меѓу најхранливите намирници. Во просек, едно јајце содржи околу 70 калории, приближно 6 грама висококвалитетни протеини, како и важни витамини и минерали потребни за организмот.

Експертите посочуваат дека хранливата вредност на белите и кафеавите јајца е речиси иста. Мали разлики можат да постојат, но тие не се поврзани со бојата на лушпата. Исхраната на кокошката, начинот на одгледување и свежината на јајцето.

Зошто кафеавите јајца често се поскапи?

Многумина ја поврзуваат повисоката цена со подобар квалитет. Кај јајцата тоа не мора да значи дека поскапото е и поздраво. Кафеавите јајца најчесто се поскапи затоа што кокошките што ги несат бараат повеќе храна и простор, што ги зголемува трошоците за производство.

На што треба да внимавате при изборот?

Ако сакате поквалитетни јајца, многу поважно е да обрнете внимание на начинот на одгледување, отколку на бојата на лушпата. Јајцата од кокошки со подобра исхрана и подобри услови за живот често имаат подобар вкус, а во некои случаи и подобар нутритивен состав.

Со други зборови, бојата на јајцето не е пресудна. Многу поважно е како била одгледувана кокошката и со што била хранета.

error: Содржината е заштитена од копирање !!