MKinformer

your daily dose of news

Враќање на отпишаните?! Средба на Заев и Гаши во Струмица!

13/03/2023 12:51

Одметнатиот пратеник од редовите на Алтернатива, Скендер Реџепи, објави интригантна фотографија на социјалните мрежи од поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев со актуелниот лидер на Алтернатива Африм Гаши. Средбата доаѓа, во момент кога Алтернатива излезе од владата предводена од Димитар Ковачевски, поради влезот на Алијансата на Албанците на Арбен Таравари. Веднаш во кулоарите и во политичките кујни, тргнаа шпекулации за мотивите на оваа средба и кои се целите од истата, на што одговор даде генералниот секретар на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими кој изјави за Слободен Печат дека „ средбата во никој случај не била за уривање на Владата, бидејќи истата ќе потоне самата, веќе наредната година“.

Од друга страна пак, лидерот на Алтернатива ги обвини „службите“ на СДСМ и ДУИ, дека постојано го следат, а тој е во континуирани средби со претставници на сите политички партии, вклучувајќи го и поранешниот прв човек на СДСМ и Владата Зоран Заев. Да потсетиме, Алтернатива влезе во Владата на Заев, по неговата оставка, кога буквално ја спаси од пропаст, по излегувањето на дотогашниот коалициски партнер БЕСА, и беше повеќе од една година во власта до влезот на Алијансата на Албанците, незадоволна од новиот влади колач во препраспределба на министерските и директорските позиции.

error: Содржината е заштитена од копирање !!