КОЈ ЈА „ЗАКЛА“ ОПШТАТА БОЛНИЦА ВО СТРУМИЦА ДА ПЛАЌА 9% ПОСКАПА СТРУЈА
12/07/2024 9:24Ќе го запре ли новата Влада трендот на пропаѓање на јавните болници, училишта и општинските комунални претпријатија? Зошто овие непрофитните јавни установи кои се грижат за врвен јавен интерес како лекување, образование и водоснабдување се изложени на берзански цени на струјата. Ова е директен силен удар на централниот буџет. Ова не осиромашува сите нас. Струмичката болница е најсвежата жртва на погубната енергетска политика што спрема јавниот сектор ја водеше сега веќе бившата влада.
Општата болница во Струмица ќе плаќа струја по цена што е за 9% повисока од цената на електричната енергија на референтната берза ХУПЕКС во Унгарија. Општата болница во Струмица е уште една жртва на трагикомичната енергетска политика на поранешната влада.
И покрај тоа што болницата задоволува врвен јавен интерес, а тоа е здравјето на сите жители на Општина Струмица и покрај тоа што оваа јавна установа е непрофитна организација која своите потреби ги намирува од централниот буџет таа е оставена во кош со сите други профитни организации и компании кои остваруваат профит и врз основа на тоа купуваат струја по пазарни цени.
Да биде иронијата уште поголема снабдувач на болницата е државната фирма за трговија со струја ЕСМ Продажба која е фирма ќерка на државниот производител ЕСМ.
Ова е уште еден директен удар за централниот Буџет од кој се планираат и црпат пари за сите државни органи, јавни установи, болници, училишта… За жал најголем број од нив се принудени иако се непрофитни организации да плаќаат струја која е поскапа од струјата што се продава на берзите.
ИЗВОР:Faktor.mk






