НЕКОЛКУ УЛИЦИ ВО КАРПОШ КАЈ „МЛЕЧЕН“ ДЕНЕС БЕЗ ВОДА
08/08/2024 8:12
Од ЈП Водовод и канализација-Скопје изветсуваат дека денес од раните утрински часови неколку улици во Општина Карпош ќе имаат прекин во водоснабдувањето.
Поради промена на вентил од ф 3/4 на улицата „Њуделхиска“ бр.5, општина Карпош, денеска, од 08:00 часот, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Панче Тошев“ ,„Наум Евро“, „Римска“ и „Анкарска“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.



