MKinformer

your daily dose of news

Амнестирани сите обвинети како организатори за настаните на 27 април

24/01/2025 10:35

Eкс собранискиот спикер Трајко Вељаноски, поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски кои беа обвинети во случајот „Организатори на 27 април“ за терористичко загрозување на уставниот поредок се ослободуваат од секаква вина и за нив ќе се примени законот за амнестија од 2018 година.

Со денешната одлука прекинат е кривичниот прогон и судската постапка која се водеше по втор пат. Судијата Илија Трпков рече дека одлуката ја донел по упатство на Апелација и мислењето на ОЈО ГОКК дека се согласува со ставот 3 од член 1 на Законот за амнестија од 2018 година иако имал поинаков став.

-Лично и како совет, се уште сме на ставот дека интенцијата на законодавецот беше во никој случај организаторите да не се амнестираат. Но во Законот за амнестија во одредбите од член 1, став 3, има еден сврзник „или“ и едно „а“ според кој Апелациониот суд и Јавното обвинителство сметаат дека обвинетите Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески, не се лица кои постапувале спротивно на службените овластувања при вршење на кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок,-изјави – Илија Трпков – Судија .

Иако, Обвинителството даде позитивно мислење само во однос на Вељаноски, Јанакиески и Ристовски, но не и за Атанасовски, судот одлучи сите четворица да бидат амнестирани од натамошно гонење. Пред да биде соопштена одлука, во судница беа пуштени снимки од собраниските случувања во 2017 година. Не е точно дека предметот падна, рече судијата Трпков туку обвинетите побарале милост од државата а истото требало да го сторат и останатите осудени за собраниските случувања.

-На крајот ќе произлезе дека осудените лица за настаните од 27 април 2017 година, сами се организирале, сами размислиле дека треба да влезат во Собранието и да кршат и да тепаат. На сите им е јасно, а и на осудените лица кои се во затворите дека тоа не е така, дека некој ги организирал за да влезат во Собранието-изјави – Илија Трпков – Судија.

Според одбраната воопшто не требало да има обвинение. Сметаат дека случајот е политички монтиран и бараат обвинителството да истражи кои се организаторите.

-Уште на почетокот на овој процес тврдевме дека се работи за политички монтиран процес се со цел да бидат ослободени од одговорност вистинските организатори на настаните а од изведените докази се покажа дека овие лица немаат никаква инолвираност во настаните за 27 април.изјави – Јордан Апостолски – Адвокат.

-Во овој предмет по однос на дел од лиџцата кои ги застапував и чиј сум бранител, не можеше и не смееше ниту да биде поведено ниту да биде одобрен обвинителниот акт, ниту да стапи на сила и да трае сите овие години.изјави – Еленко Миланов – Адвокат.

Истот судија досега во два наврати одлучуваше дека амнестијата не ги опфаќа овие обвинети, но Апелација бараше и по трет пат да се произнесе. Последниот пат ситуацијата се смени бидејќи и обвинителството даде позитивно мислење.

error: Содржината е заштитена од копирање !!