MKinformer

your daily dose of news

Недоразбирање во сообраќајот било причина за расправијата во Чаир

11/02/2025 14:37

Недоразбирање во сообраќајот било причина за расправијата во Чаир, која подоцна прераснала во пукање. Според неофицијални информации од дел од медиумите, кавгата била поради паркинг место.

Во пукањето, Хебиб Буњаку, син на Екрем Буњаку, поранешен функционер на ДУИ, бил смртно ранет од еден куршум. Друго лице било повредено со две прострелни рани, но неговата состојба не е опасна по живот. Трето лице е повредено и се лекува на Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Пукањето се случило на полноќ.

error: Содржината е заштитена од копирање !!