MKinformer

your daily dose of news

Саша Поповиќ починал во Париз: Ја примал најдобрата нега, но не успеа да се избори со болеста

02/03/2025 8:25

По кратко и тешко боледување во Париз, почина основачот на „Гранд продукција“, Саша Поповиќ.

Поповиќ се лечел со месеци откако дознал дека е сериозно болен. Во Франција имал пристап до најдобри лекари и најквалитетна медицинска нега, а за него се грижеле врвни специјалисти со богати кариери. Саша примал најсовремени терапевтски методи и лекови од Европа, но за жал, ниту тоа не било доволно за да го спасат.

Дека овој трагичен исход не бил очекуван, потврдува и изјавата на Милица Тодоровиќ, која откри дека требало да биде дел од жирито на „Ѕвезда Гранда“ заедно со него:

„На 25 февруари требаше да бидам на „Ѕвезда Гранда“ како член на жирито покрај Сале, бидејќи тој требаше да учествува, а јас ги броев деновите, едвај чекав да се сретнеме. На неговата секретарка и реков дека ако треба, ќе седнам низ целата емисија и ќе го натерам да се смее, бидејќи тој човек направи толку многу за нас, младите пејачи.“

Деталите за погребот сè уште не се познати, а забавната индустрија масовно се простува од Саша Поповиќ.

 

error: Содржината е заштитена од копирање !!