MKinformer

your daily dose of news

ДУИ на работ на политички колапс

08/03/2025 11:04


ДУИ треба да сфати дека конечно се наоѓа во опозиција и дека не може повеќе да диктира или да договара тендери за своите пријатели. Само длабоки реформи можат да ги спасат од колапс и да ги избават од криминалната бездна во која потонаа. Коалицијата ВРЕДИ реагира остро на последните провокации од страна на интегративците.

Артан Груби и Бујар Османи, еден бегалец и другиот збунет поради губењето на власт, ја плачат и жалат ситуацијата, затоа што народот ги испрати во опозиција. Граѓаните ја сфатија вистината и не се лажат од измамите кои ги шират во јавноста, велат од ВЛЕН.

Претходно, потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, изјави дека размислуваат да не учествуваат на локалните избори, додека претседателот Али Ахмети отиде чекор понатаму, тврдејќи дека нема да дозволат поставување гласачки кутии. Ова ќе се случи ако Уставниот суд донесе одлука за укинување на Законот за јазици, за кој во моментов се подготвува седница.

Експерти за Алфа веќе го коментираа ваквиот став на ДУИ, посочувајќи дека ваквата реторика е резултат на катастрофалниот рејтинг, особено откако Артан Груби беше ставен на црната листа на САД и заработи кривична пријава за сериозни криминални дела, по што избега од државата. Поради бегството од правдата, исто така е во бегство и поранешниот директор на Лотаријата, Прпарим Бајрами.

Најавите за воведување во политичка криза ја ставаат ДУИ во тешка позиција, особено со парнерите од коалицијата „Европски фронт“.

Али Ахмети се соочува со проблеми и при изборот на кадри за изборите. Се погласно се говори за политичката битка која се води во Мала Речица, каде камен на сопнување е Рамиз Мерко, првиот човек на Струга, кој исто така се наоѓа на американската црна листа. Дел од раководството сака повторно да го поддржи, додека други се цврсто против.

Партијата која го предводи таканаречениот „Европски фронт“ има повеќе функционери на црната листа и уште повеќе на списоците на обвинителите за сериозни криминални сомневања.

error: Содржината е заштитена од копирање !!