ПРИВЕДЕН И СОПСТВЕНИКОТ НА ПУЦКО ПЕТРОЛ, АСМИР ЈАХОСКИ
10/03/2025 19:50
Попладнево полицијата ги обезбеди бизнисменот и сопственик на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски.
Ова следува по денешната координирана акција против компании и поединци кои набавувале мазут, а кој што го загрозува здравјето на граѓаните и животната средина.
Претходно информиравме дека и Ратко Капушевски, бизнисмен чија компанија исто така е во бизнисот со нафтени деривата и мазут беше приведен од страна на МВР.
ОЈО-ГОКК потврди дека моментално се вршат претреси на неколку локации низ Скопје.





