MKinformer

your daily dose of news

ДУИ СЕ ПИШМАНИ, НЕ НАЈАВУВАЛЕ БОЈКОТ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ, САМО СЕ ЗАГРИЖЕНИ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ

10/03/2025 9:11

Не сме најавиле никаков бојкот, ние секогаш сме биле и сме спремни за избори. Ова во интервју за Радио Слободна Европа го изјави Блерим Беџети од ДУИ со што ретерираше од првичниот став на партијата за тоа дека нема да има локални избори, доколку не се одржат предвремени парламентарни избори. Воедно и како прашање го поставија и законот за јазиците, за што најавија и можна длабока политичка криза.

„Факт е дека на државата и се потребни предвремени парламентарни избори, за да излезе од ситуацијава во која не е почитуван легитимитетот на втората етничка заедница во државата. Околу најавите за Законот за јазиците, да вистина е, бидејќи ние имавме средби со граѓаните. И ако ги следиме сите прашања и сите коментари, загриженоста околу ова многу сензитивно прашање е на највисоко ниво.“, изјави Беџети.

Деновиве за најавите за политичка криза зборуваше и првиот вицепремиер Изет Меџити.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на обраќањата што ги одржува при средби со граѓаните повикува на предвремени избори во октомври заедно со локалните и бара ВРЕДИ да ја напушти Владата. Тој на неколку партиски собири рече дека се врши деградирање на Албанците но и на албанскиот јазик со што најави бојкот на локалните избори, но и можна политичка криза.

error: Содржината е заштитена од копирање !!