(ВИДЕО)Пола фамилија ми ја отселивте, пола ми ја убивте. Кај кого да одам на погреб прво?
17/03/2025 12:12
Благојчо Брлог Ѓорѓиевски со своето крајно емотивно и траорно обраќање на Фејсбук по вчерашната трагедија во Кочани во која 59 лица го загубија животот во пожар во дискотека.
Брлог вели дека коруптивниот систем зема данок во крв, истиот тој систем пола од неговата фамилија ја иселил, половина ја убил.
Тој за крај порача дека ако нема правда ќе има народ по улиците.






