MKinformer

your daily dose of news

Шилегов: Сите во државава се виновни, освен кочанските обвинители

22/03/2026 22:06

Еден од адвокатите во судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Петре Шилегов, смета дека дел од одговорноста за трагедијата во која животот го загубија 63 млади лица лежи и кај локалните обвинители. Според него, станува збор за мала средина каде, како што рече, „сѐ се знае“.

Во својата изјава, Шилегов посочи дека Кочани не е метропола и дека во град со околу 40 илјади жители е невозможно да не се знае за нерегуларностите што претходеле на страшниот пожар.

„Кочани не е Њујорк, не е Истанбул, не е Токио. Зборуваме за град со околу 40 илјади жители, каде секој муабет може да се слушне. И сите во оваа држава се виновни, освен локалните обвинители. Мислам дека барем за нијанса се повеќе криви кочанските обвинители, без оглед дали е актуелниот или некој пред него“, изјави Шилегов.

Тој нагласи дека неговите ставови не се насочени лично кон поединци, туку кон потребата од градење функционален систем кој ќе ги спречи ваквите катастрофи во иднина.

„Немам лично ништо против никого, но ако веќе градиме систем, ајде да го изградиме како што треба“, додаде Шилегов.

Судењето продолжува со изведување докази

Судењето за трагедијата во „Пулс“, во која животот го загубија десетици млади лица, продолжува со изведување докази и сослушување на сведоци. Јавноста со голем интерес ги следи случувањата во судницата, очекувајќи одговорност за сите кои, според обвинението и адвокатите, придонеле за најголемата трагедија во историјата на Кочани и една од најголемите во земјава.

Според досегашните информации, обвинетите се товарат за тешки кривични дела, а постапката е во тек.

error: Содржината е заштитена од копирање !!