Честит Рамазан Бајрам: Празник на духовно и телесно прочистување
30/03/2025 10:10
Верниците од исламска вероисповед во земјава и низ целиот свет денеска го слават Рамазан Бајрам, еден од најважните празници во исламот. Рамазан Бајрам се смета за еден од петте столбови на исламот и е празник за духовно и телесно прочистување.
Празнувањето започнува со утринска молитва – Бајрам Намаз, а продолжува со размена на подароци и посетување роднини и пријатели. По молитвата, верниците си го честитаат празникот и ја поправат скараните. Потоа следува доручек во кругот на семејството, а потоа се посетуваат гробиштата, каде верниците се молат за душите на починатите.
За време на празникот, дома се подготвуваат подароци за најблиските, се посетуваат постарите и соседите, а трпезите се полни со традиционални јадења, вклучувајќи сладкиши како баклава и други специјалитети подготвени за Рамазан Бајрам.
Според исламското учење, месецот Рамазан е период кога е објавена светата книга Куран, што го прави овој празник уште посветен и значаен за верниците.
Честит Рамазан Бајрам!





