MKinformer

your daily dose of news

Денес е светски ден на шегата: Историја, традиции и значење на 1 април

01/04/2025 8:37

Денеска е Светски ден на шегата – ден кога се слави хуморот преку креирање различни шеги и практични шеги со задолжителниот извик „Априлилили“.

Во Македонија оваа година, поради трагичниот настан во Кочани пред две недели, не се организирани големи настани за овој ден. Сите традиционални прослави се откажани.

Иако потеклото на овој празник останува мистериозно, тој е широко прифатен во многу култури низ светот.

Точниот датум и причина за потеклото на Денот на шегата не се познати, но мнозина историчари сметаат дека празнувањето започнало во 16-тиот век, кога Франција преминала од јулијанскиот на грегоријанскиот календар. Поради тоа што вестите за промена на календарот не стигнале брзо до сите, многу луѓе продолжиле да го прославуваат почетокот на новата година во последната недела од март, до 1 април, што одговарало на претходниот календар.

Заради нивното “незнаење”, тие станале мета на шеги и забава, а често биле изигравани така што им ставале хартиена риба на грбот, нарекувајќи ги „првоаприлска риба“, што симболизирало лесно фатена риба или наивна личност.

Денот на шегата исто така се поврзува со фестивали како Хиларија, која се прославувала во антички Рим на крајот на март, од страна на следбениците на култот на Кибела. Овој фестивал вклучувал маскирани луѓе кои исмеваа сограѓани, па дури и судиите, а се смета дека бил инспириран од египетската легенда за Изида, Озирис и Сет.

Некои теории сугерираат дека празнувањето на 1 април е поврзано со пролетната рамноденица, првиот пролетен ден на северната хемисфера, кога “мајката природа ги измамувала луѓето со своето променливо и непредвидливо време”.

error: Содржината е заштитена од копирање !!