MKinformer

your daily dose of news

Викендов посебен сообраќаен режим во Скопје и на патот кон ГП Блаце

12/04/2025 10:22

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска и утре ќе се применуваат мерки за посебен режим на сообраќајот во централното подрачје на Скопје и на патниот правец од граничен премин Блаце до скопската обиколница.

Поради пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“, денеска од 10:30 до 12:00 часот, СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на патниот правец ГП Блаце – скопска обиколница.

В недела, пак, поради одржување на улична трка, од 10:00 часот ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот. Трасата на трката ќе започне од булеварот „Илинден“ пред фонтана „Лотос“, ќе продолжи право до крстосницата со булеварот „8 Септември“ и ќе се врати полукружно по булеварот „Илинден“ до фонтана „Лотос“.

Сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.

СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници за безбедност и течност на сообраќајот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!