MKinformer

your daily dose of news

Џиновско Велигденско јајце поставено во дворот на тетовската црква „Св. Кирил и Методиј“

17/04/2025 9:16

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, верници од Тетово изработија џиновско Велигденско јајце и го поставија во дворот на црквата „Свети Кирил и Методиј“.

Импозантното јајце е високо 2,3 метри, со обем од 160 сантиметри, и било поставено со помош на кран. Изработката е резултат на заеднички труд на верници од тетовските населби Певчина, Два Бреста и Поток, кои користеле стиропор, гипс и други достапни материјали.

„Во православната традиција, јајцето симболизира живот и воскресение, па затоа има особено значење за Велигден,“ рече отец Александар Стојановски, старешина на соборниот храм.

Покрај ова јајце, уште едно слично, високо 1,7 метри, денеска било поставено во дворот на црквата „Свети Никола“ во Тетово, збогатувајќи ја празничната атмосфера во градот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!