Променливо облачно време со пороен дожд и грмежи – стабилизација за време на викендот
18/04/2025 10:03
Денеска не очекува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи, особено во претпладневните часови, соопштува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 9 до 14 степени, додека максималните дневни ќе достигнат меѓу 18 и 24 Целзиусови степени.
И во Скопје ќе преовладува слична временска состојба – променливо облачно со повремен дожд и можни грмежи во текот на претпладнето. Минималната температура во главниот град ќе биде околу 13, а максималната до 23 степени.
Според најавите од УХМР, за време на викендот се очекува стабилизирање на времето. Ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност. Од почетокот на следната недела повторно се најавува нестабилно време со локални врнежи од дожд и појава на грмежи.





