MKinformer

your daily dose of news

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Лозово за злоупотреба на службена положба

18/04/2025 10:18

СВР Штип поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Лозово, А.В. (48), како и против уште две лица – Т.Г. (51) и Л.Л. (68), двајцата од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Според полицијата, случајот датира од 2018 година кога А.В., во својство на градоначалник, овозможил правно лице од село Студеничани противправно да се стекне со имотна корист во износ од 205.800 денари, со што бил оштетен буџетот на општина Лозово.

На 1 ноември 2018 година била распишана јавна набавка за изградба на пешачка патека на улицата „Октомвриска револуција“ во Лозово. За најповолен понудувач било избрано споменатото правно лице, кое го назначило Т.Г. како управител на градбата. Работите завршиле во март 2019, но во градежната документација биле внесени невистинити податоци за поставени 381 м² бекатон плочки, со вредност од 205.800 денари.

Документите биле потпишани од второ- и третообвинетите – управителот на градбата и надзорниот орган Л.Л. И покрај тоа што А.В. бил свесен за невистинитите податоци, сепак одобрил исплата на целосната сума.

Случајот е предаден на Јавното обвинителство за понатамошна постапка.

error: Содржината е заштитена од копирање !!