Кривични пријави во Радовиш: Граделе зграда без дозвола, надзорен инженер незаконски наплатил над 136.000 денари
02/02/2026 14:00
СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против правно лице од Радовиш и Ж.А. (64) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Дополнително, кривично е пријавен и Љ.Е. (55) од Радовиш, поради сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Според информациите од полицијата, правното лице и второпријавениот, во својство на одговорно лице, во текот на 2024 година започнале изградба на станбена зграда за домување на катастарска парцела во Радовиш, без претходно да обезбедат соодветно одобрение за градење од надлежен орган.
Третопријавениот, кој бил ангажиран како надзорен инженер, вршел стручен надзор над објектот и покрај тоа што знаел дека за градбата не е издадено законско одобрение. Со ваквото постапување, тој овозможил продолжување на незаконската градба.
Покрај тоа, надзорниот инженер извршил и незаконска наплата по доставена фактура за извршен надзор, со што се стекнал со противправна имотна корист во износ од 136.214 денари.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека против пријавените ќе се постапува согласно закон, а случајот е доставен до надлежното јавно обвинителство за понатамошна постапка.






