НАЈНОВА ВЕСТ: 30 дена притвор за Стефан Богоев и тројца други
03/06/2026 23:10
30 дена притвор за Стефан Богоев и тројца други поради сомнение за злоупотреба на јавна набавка
Кривичниот суд определи 30-дневен притвор за поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, и уште три осомничени лица, на барање на Обвинителството. Тие се сомничат за злоупотреба на постапката за јавна набавка за надворешно одржување хигиена на гранични премини. Известува МИА
Судот го прифати предлогот на Обвинителството
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО ГОКК, донесе решение со кое им се определува мерка притвор во траење од 30 дена на:
-
С.Б. (Стефан Богоев)
-
Д.Г.
-
А.С.
-
С.М.
Мерката е определена заради постоење на основите од член 165 став 1 т. 1 и т. 2 од ЗКП.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.
Што им се става на товар?
Обвинителството соопшти дека постои основано сомнение дека во периодот од јули 2023 до март 2024 година осомничените ја изиграле постапката за доделување договори за јавна набавка за надворешно одржување хигиена на гранични премини и терминали.
Преку фаворизирање одреден економски оператор и ограничување на конкуренцијата, му овозможиле на правниот субјект да стекне противправна имотна корист во износ од 18.479.692 денари.
Улогата на првоосомничениот Богоев
Според обезбедените докази, првоосомничениот Стефан Богоев, користејќи ја својата службена положба и влијание како директор на Царинската управа, влијаел врз спроведувањето на тендерската постапка во корист на избраниот понудувач.
Второосомничениот, во својство на помошник-директор, влијаел врз други економски оператори да не учествуваат во завршната фаза од постапката.
Примање поткуп од 111.600 денари
Во рамките на истрагата се обезбедени докази и за примање и давање награда за противзаконито влијание. Според обвинението, првоосомничениот примил награда во износ од 111.600 денари за искористување на својата службена положба и реално влијание.
Кривични дела
На осомничените им се ставаат на товар кривичните дела:
-
злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство
-
примање награда за противзаконито влијание
-
давање награда за противзаконито влијание







One thought on “НАЈНОВА ВЕСТ: 30 дена притвор за Стефан Богоев и тројца други”
Comments are closed.