Сончево утро, нестабилно попладне: Температури до 27 степени
21/04/2025 9:51
Денес не очекува променливо време – претпладне сончево со умерена облачност, додека попладне во западните и крајните источни делови ќе има развој на нестабилна облачност со појава на локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринските температури ќе се движат меѓу 4 и 10 степени, додека дневните ќе достигнат до 27 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне се очекува зголемена нестабилност и можност за дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисток, а максималната дневна температура ќе достигне до 27 степени.
Според најавите, и утре претпладне ќе биде сончево и релативно топло со умерена облачност, но попладне повторно ќе има услови за локален дожд и грмежи. Од среда се очекува нестабилно време на повеќе места низ земјата, со поројни врнежи и грмежи.





