Папата почина од мозочен удар и срцев застој, oткриена содржината на тестаментот
22/04/2025 8:44
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, почина на 89-годишна возраст, потврди Ватикан. Според изјавата на ватиканскиот лекар, д-р Андреа Аркангели, смртта настапила како последица на мозочен удар и неповратен срцев застој. Папата паднал во кома и починал во раните утрински часови во понеделникот.
Воедно, Ватикан го објави и тестаментот на папата, кој бил напишан во 2022 година. Во него, тој јасно ја изразува својата желба да биде погребан во базиликата Света Марија Велика во Рим, наместо во традиционалната гробница на папите во базиликата Свети Петар.
„Сакам да бидам положен во земја, без посебни украси. Над мојот гроб да има едноставна плоча со моето папско име на латински – Franciscus,“ напишал тој.
Папата исто така открил дека трошоците за неговиот погреб ќе бидат покриени од страна на неименуван добротвор. Според тестаментот, средствата се веќе обезбедени и ќе бидат префрлени на базиликата Света Марија Велика.
Светот денес се простува од духовен лидер кој остави длабок белег со својата скромност, хуманост и посветеност на маргинализираните.





