MKinformer

your daily dose of news

Две скопски општини утре ќе останат без струја

24/04/2025 8:58

Од ЕВН Македонија АД информираат дека утре (петок, 25 април) ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од две скопски општини, поради технички зафати во електро-системот.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците на улица 100 и улица 21 во населбата Волково, во општина Ѓорче Петров.

Исто така, во општина Сопиште, од 12:00 до 14:00 часот, електрична енергија ќе нема на дел од улица 3 во село Ракотинци.

Од ЕВН апелираат граѓаните навремено да ги планираат своите обврски и да покажат разбирање за привремените прекини.

error: Содржината е заштитена од копирање !!