(ВИДЕО) ЗАПАЛЕНА КУЌАТА НА ПАНДОВ
29/04/2025 21:06
Куќата на Александар Пандов, директор на Управата за извршување на санкции, лоцирана во скопско Орешани, била запалена во инцидент што тој го опишува како смислен напад од криминалци.

На неговиот Фејсбук профил, Пандов напиша:
„Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации?
Ова е цената за удирањето по мафијата!
Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците!
Нема да не запрат и нема да не поколебаат.
Никој не е над законот!
Нема враќање назад кога се бориш за правдата. И кога ќе тргнеш против криминалот, тој се брани со насилство. Но ова нема да ме запре — напротив, само не зајакнува!
Очекувам институциите да го најдат и казнат сторителот. А јас и сите заедно ќе продолжиме таму каде што бевме — со уште поголема одлучност.“

Видеото од изгорената куќа може да го видите на следниот линк.

![Во Дебар се предлага организирање на вoopyжени гpaѓански стpaжи policija-mvr[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mvr1.png)




