Случај “Онкологија”: Им давaле терапија која не помага, погрешни лекарства и земале пари
22/05/2025 20:52
Јавното обвинителство денеска на прес-конференција изнесе вознемирувачки детали од истрагата за случајот „Онкологија“.
Медицинскиот директор е обвинет дека незаконски набавувал лекови преку Фондот за здравствено осигурување, а четворица онколози, меѓу кои и поранешен директор на установата, се осомничени за начинот на лекување на пациентите.
Притоа, медицинскиот директор наводно прибавил незаконска финансиска корист од 13 милиони денари.
„Во врска со третманот на пациенти опфаќа четири лекари онколози, меѓу кои и поранешен директор на онкологија во сооднос со друг лекар, и другите двајца лекари се обвинети несовесно лекување болни. Со медицинските вештачења кај 29 пациенти првообвинетиот поранешен директор на клиниката применил неподобен начин на лекување, и притоа давал лекови од новите генерации на таргет и имуно терапија со што тешко го нарушил здравјето на пациентите. Во дел од случаите ова му било овозможено од второбвниетиот кој ставал факсимил. Другите двајца лекари одредувале терапија со лекови од новите генерации, во фаза кога пациентот воошто нема да има никаква корист од таквиот лек, со отстапување во дозирањето, со што дополнително ја влошиле нивната состојба“ – рече обвинителот на пресот.






