Пукање во близина на тетовската болница
27/05/2025 1:46
Во тетовската населба Теќе, на улицата 111, околу полноќ страна на лице кое се движело со мотоцикл, бил испукан рафал од автоматска пушка, информира Алсат ТВ.
Според првичните наводи, настанот можеби е поврзан со убиство што се случи пред една година во истата населба, како и со претходна престрелка меѓу жители на село Гајре и Тетово, која се случила пред неколку месеци кај тетовската болница. Засега нема информации за повредени или загинати лица од пукањето.
Полицијата е на терен и работи на расветлување на случајот. Се очекуваат официјални информации во најскоро време.






