Може ли да има подобро сварен грав од македонскиот?
01/06/2025 15:11
Бујановац – Р. Србија, 31 Maj 2025 година. Се оддржа третиот по ред натпревар во готвење грав „Бујановачко котле“, кој се одржа во Бујановачка Бања, под слоганот
„ПА ЌЕ ВАРИМО ГРА“ и собра 38 екипи од регионот. Она што им е заедничко на сите, е што дружењето и забавата им беа главен приоритет, што не значи дека немаше натпреварувачки дух.
Сите готвачи рекоа дека имаат тајна состојка, што нема да ја откријат никогаш, верувајќи дека тоа ќе биде клучот за победа.
Победник на третиот натпревар „Бујановачко котле 2025“ е екипата „ВЕСЕЛА ЕКИПА“ од Скопје – Р. Македонија, додека второто место го освои тимот од Ловечкото друштво „Голуб“ од Бујановац, а тимот на Брзата помош од Бујановац го освои третото место.

Организатори на настанот се Месната заедница Раковац во соработка со здружението „Дангуба“ од Бујановац, а со помош на Ветеринарната станица Бујановац и победникот на првиот натпревар „Бујановачко котле“, Бујановачка бања и Бивода.

Сè помина непречено, гравот се готвеше повеќе од три часа, а атмосферата беше весела и позитивна во текот на целиот ден. Имаше околу 40 екипи, од кои 2 беа од Скопје, околу 10 од Врање, а останатите од Бујановац и околината.

Ова е трет пат екипата „Гоце Делчев“ од Скопје да се натпреварува.
– „Тука сме секоја година, сега ангажиравме готвач-гастрономер да го направи тоа. Не очекуваме награда, а нашето мото е дека ова е културен и убав настан, па кој ќе победи, нека победи“ – изјави Пецо Ристески за нашиот портал.
Прв пат се натпреварува епкипата „ВЕСЕЛА ЕКИПА“ од Скопје, во која се натпреваруваа Зоран Бардиќ, Горан Вујиќ и Зоран Тодоров, кои ја освоија овогодинешната победа.
-„ Не сакаме да сме скромни, дојдовме со намера да победиме и победивме, нашиот рецепт е вековен и бевме сигурни дека нема повкусен грав од нашиот“ – рече Зоран Бардиќ од Скопско Радишани

Публиката уживаше во гравот, дружењето и музиката, ги обезбеди бендот „Мачо“ од Врање, а за најмладите посетители беа поставени и воздушен замок и рингишпил.






