По скандалот во Возот, па потоа во авионот, Макрон со нов скандал
04/06/2025 20:54
Италијанската премиерка Џорџија Мелони и францускиот претседател Емануел Макрон се сретнаа во Рим, каде одржаа повеќечасовна билатерална средба, по која следеше вечера со делегациите.
Според РАИ, Макрон заминал без изјава за медиумите, а според Анса, разговорите биле фокусирани на разлики околу Украина, миграциите, абортусот и трговските спорови со САД.
Француски извори нагласиле дека е важно Мелони да учествува на сите состаноци, а од Елисејската палата порачаа дека разликите меѓу партнерите мора да се надминат за заедничко влијание.
Мелони се залагала за флексибилност и укинување на царините, додека Макрон инсистирал на цврсти мерки од ЕУ.
На социјалните мрежи внимание привлекоа фотографии од средбата, при што Макрон ѝ шепнал нешто на Мелони.


По состанокот, Мелони изјави дека дискусиите биле корисни за унапредување на дијалогот меѓу Италија и Франција, посочувајќи усогласеност околу конкурентноста, енергетската транзиција, поддршката за Украина и јакнењето на европската одбрана. Тема биле и безбедносните и економски предизвици за ЕУ.





