ВЧЕРА ХАРКОВ БЕШЕ ЦЕЛ НА „НАЈИНТЕЗИВНИОТ НАПАД“ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ВОЈАНАТА
07/06/2025 10:10
Во текот на ноќта, руските воздушни сили извршија жестоки напади врз украинските градови Харков и Херсон, при што животот го загубија пет лица, а повеќе од дваесет беа ранети. Нападите следат откако Москва најави дека ќе одговори на неодамнешното уништување на дел од нејзините воздухопловни капацитети.
Според градоначалникот на Харков, Игор Терехов, овој град беше цел на „најинтензивниот напад“ од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година. Тој изјави дека се слушнале над 40 експлозии за кратко време во североисточниот град, кој се наоѓа на помалку од 50 километри од границата со Русија и брои околу 1,4 милиони жители.
Терехов нагласи дека нападите биле извршени истовремено со ракети, дронови „Шахед“ и водени воздушни бомби. Вкупно биле употребени најмалку 48 дронови, две ракети и четири бомби со прецизно наведување.
Во Киевскиот округ на Харков загинале две лица, додека едно лице го загубило животот во Основјанскиот округ. При нападите се повредени и околу дваесет граѓани.




