MKinformer

your daily dose of news

Голем пожар во Вардариште

12/06/2025 18:03

РЦУК – Скопје, известува дека БППЗ од околу 12:00 часот во кругот на поранешната депонија Вардариште на поголема површина гаснат запалена сува трева и отпаден материјал.

Моментално во гаснењето учествуваат 7 ПП возила и најмалку 20-тина пожарникари.

Поради опасноста од зафаќање на трафостаница и електрични водови, превентивно струјата е исклучена и поради тоа поголемиот дел од Општината Аеродром е без електрична енергија. – Се вели во соопштението на ЦУК 112

error: Содржината е заштитена од копирање !!