Перо Антиќ откри: Панчо ќе направи концерт во чест на жртвите од трагедијата во Kочани
25/06/2025 10:00
Поранешниот кошаркар Перо Антиќ, гостувајќи во поткастот кај Бојан Јовановски – Боки 13, сподели емотивен момент од негов телефонски разговор со Панчо од ДНК, кој се опоравува во болница по несреќата што се случи во Кочани.
„Се слушнав со Панчо телефонски и ќе цитирам што ми рече веднаш: Прво што ќе направам кога ќе излезам од болница е да направам концерт во чест на сите загинати и повредени од трагедијата во Кочани“, изјави Антиќ.
Панчо беше меѓу повредените во трагичниот настан што го потресе целата јавност. Неговата порака е уште еден доказ за големината на духот и солидарноста во најтешките моменти.

![(Видео) Tрезна ли си, зошто не го вештачеше телефонот на Заев, ја праша Боки Рускоска vilma-Ruskovska-696x487[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/vilma-Ruskovska-696x4871-1.jpg)




