Возило излета од коловозот и заврши на тротоар
30/06/2025 9:21
Во близина на кружниот тек на булевар Туристичка со Македонски Просветители, автомобил излета од коловозот, ја сруши заштитната ограда и заврши на тротоарот покрај зградата „Печијаре“.
Според првите информации, во овој инцидент нема повредени лица.






