(Видео) СОПСТВЕНИК НА КАФЕ БРУТАЛНО ПРЕТЕПАЛ ТРОЈЦА ГОСТИ
30/06/2025 19:27
Видео од физички напад врз тројца гости во ресторан во, како што неофицијално дознаваме, Загреб се шири на социјалните мрежи.
Видеото, кое трае помалку од две минути, прикажува лице, за кое се претпоставува дека е сопственик на ресторанот, со уште две лица – од кои едното носи безбол палка – како им се приближува на тројцата гости.
Потоа мажот – наводниот сопственик на ресторанот – ги прашува гостите „какво однесување е ова?“ и „кој да цица к…?“ и ја повикува келнерката, ја прашува кој и рекол „да цица к…“, келнерката потоа покажува со прст кон еден од гостите.
Наводниот сопственик на ресторанот потоа почнува да ги удира гостите, а мажот со бејзбол палката крши чаши и шишиња на масата.
Гостите, како што може да се слушне на снимката, се оправдуваат дека „сето тоа е шега“, на што наводниот сопственик на кафулето само вели „каква шега“ и „кажете им пак на моите келнерки да цицаат к…“, додека продолжува да ги тепа. На крајот ги исфрла од кафулето, додека гостите му се извинуваат.
Како што се наведува во коментарите под снимката, гостите постојано ја навредувале келнерката и одбиле да ја платат сметката, што било причина наводниот сопственик на угостителскиот објект физички да ги нападне.
Како што може да се види на снимката од надзорната камера, инцидентот се случил кон крајот на мај оваа година.
Полицијата, засега, нема официјални информации за инцидентот.






