Во Грција нов тип на КОВИД 19
02/07/2025 20:06
Во Грција моментално се шири нова варијанта на коронавирусот, но според здравствените експерти, нема простор за загриженост, пренесе весникот „Екатимерини“.
Пулмологот проф. Никос Цанакис, во изјава за TV SKY, појасни дека станува збор за сој од групата Омикрон, кој не претставува сериозна епидемиолошка закана, ниту пак има значително влијание врз здравствениот систем.
Тој додаде дека може да се очекува мало зголемување на бројот на заразени во летниот период, што е вообичаено за сезоната. Заразените најчесто се жалат на симптоми како многу болно грло.
И покрај присуството на новиот сој, бројките на хоспитализирани и починати од COVID-19 се во постојан пад, потенцираше Цанакис


![Нема докази дека омикрон е помалку опасен од делта сојот korona-vakcina-greska[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/korona-vakcina-greska1.jpg)



