Кој македонски пратеник, најмогу зборувал во собранието?
06/07/2025 21:40
Пратеникот со најмногу јавувања за збор и најдолго време поминато на говорница во првите шест месеци од мандатот е Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ. Според мерењата за активност во Собранието, тој повторно е прогласен за најактивен пратеник.
„Во овој период сум се јавил за збор 106 пати, а на говорница сум поминал вкупно 467 минути. Особено сум горд на оваа активност, бидејќи се однесува на времето кога ВМРО-ДПМНЕ е дел од власта и мнозинството во парламентот“, изјави Стојаноски.
Тој нагласи дека чувствува уште поголема одговорност кон граѓаните и дека со истата енергија и посветеност ќе продолжи да ги застапува нивните интереси.
„Ќе дадам сè од себе додека ја имам оваа чест. Продолжуваме уште посилно!“, порача пратеникот.
Кои се другите најактивни пратеници во македонското собрание
1. Бојан Стијаноски – ВМРО-ДПМНЕ – 106
2. Фатми Бетиќи – СДСМ – 62
3. Сали Мурати – Движење на Турците – 58
4. Јованка Тренчевска – СДСМ – 49
5. Благој Бочварски – СДСМ – 37
6. Амар Мециновиќ – ЛЕВИЦА – 35



