MKinformer

your daily dose of news

ТРИ ЛИЦА ГО НАПАДНАЛЕ СО ОСТАР ПРЕДМЕТ ВО СКОПСКА БОЛНИЦА

08/07/2025 15:29

44-годишен скопјанец бил нападнат од три лица, меѓу кои и 70-годишник, со остар предмет во приватна болница.

– На 07.07.2025 во 19.00 часот во СВР Скопје К.Б.(44) од Скопје пријавил дека во приватна здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров околу 14.45 часот бил физички нападнат од М.Ј.(70) и Љ.Ј.(33), при што М.Ј. употребил остар предмет и му нанел повреда.

Во Полициската станица Кисела Вода, бил извршен службен разговор со пријавените и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, стои во денешниот полициски билтен.

error: Содржината е заштитена од копирање !!