MKinformer

your daily dose of news

(Фото)ШТО ОБЈАВИЛ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ЛИЦЕТО КОЕ СИ ГИ УБИ ВНУКОТ И СИН МУ

13/07/2025 13:32

Според објавите на неговиот профил на Фејсбук, лицето Петар Мајоски кој вчера ги усмрти својот внук и неговит син, а потоа си го одзеде животот, подолго време објавувал „темни содржини“.

Според информациите од вчерашниот грозоморен настан, тој го објавил следното кога го извшувал дејството.

Според првичните сознанија од истрагата, трагедијата започнала поради семејни недоразбирања и нерешени имотно-правни односи. Како што информираат од обвинителството, 63-годишниот маж прво го убил својот внук од сестра и неговиот син, а потоа, откако оставил објава со објаснување на мотивите на социјалните мрежи, си го одзел животот.

„Издадена е наредба за обдукција на телата, како и за вештачење на сите трагите, оружјето и муницијата пронајдени на лице место“, соопштија од Јавното обвинителство, кое продолжува со истрагата за да ги потврди сите околности и детали поврзани со тројното убиство.

Детали за убиството во Прилеп открива и прилепскиот обвинител Стевчо Биновски.

„Таткото и синот отишле во куќата на вујкото на улицата „Стеван Апостолоски“ околу 15 до 16 часот. Освен вујкото немало никој друг во куќата. Инаку, претходно вујкото му ја препишал куќата на внукот. Не се знае што се случувало наредните часови само се знае дека таткото и 11-годишниот син биле убиени со пиштол пред да стигне полицијата околу 22 часот. Ова е утврдено зашто соседите слушнале истрели“, вели јавниот обвинител Стевчо Биноски.

Од Министерството за внатрешни работи засега нема официјални информации што точно се случило, како и потврда за шпекулациите дека убиецот пред да си го одземе животот пукал кон полицаец, како и дека фрлил експлозивна направа.

error: Содржината е заштитена од копирање !!