MKinformer

your daily dose of news

Апелациониот суд го осуди Васил на 3 години и 10 месеци затвор за дрога

16/07/2025 12:28

Апелациониот суд Скопје на 11. јуни 2025 година донесе нова пресуда со која ја одби како неоснована жалбата на Васил Јованов и го осуди на единствена казна затвор во траење од три години и десет месеци.

Јованов е прогласен за виновен за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Судот воедно ја преиначи претходната пресуда во делот каде што му беше изречена воспитно-поправна мерка и одлучи да му изрече затворска казна.

Случајот се врати на повторно одлучување поради укинување на претходната второстепена пресуда од Врховниот суд на 7 мај годинава. Врховниот суд ја уважи жалбата и наложи ново одлучување, откако Апелација во февруари го осуди Јованов на истата казна, но по жалба на Обвинителството и со преиначување на претходната, поблага санкција.

Од Апелациониот суд информираат дека во новата постапка постапиле по предметот KЖ-481/25, и донеле одлука со која за делото од член 215 став 1 од Кривичниот законик му е утврдена казна затвор од една година, а за делото во соизвршителство (в.в. член 22) му се утврдува казна од три години затвор, а согласно член 44, се пресудува единствена казна затвор од три години и десет месеци.

Оваа одлука ќе биде јавно објавена на веб-страницата на судот, согласно Законот за управување со движење на предметите во судовите.

Освен овој случај, Јованов веќе е осуден на 12 години затвор за друго кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, откако во јануари оваа година со автомобил ја прегази Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Казната следеше по признавање на вината.

error: Содржината е заштитена од копирање !!