MKinformer

your daily dose of news

ШОКАНТНО ТВРДЕЊЕ НА ДЕЈЛИ МЕЈЛ: Зеленски можеш ли да ја гаѓаш Москава?

16/07/2025 7:48

Според објавите на британските медиуми Фајненшл тајмс и Дејли мејл, американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор на 4 јули го прашал украинскиот претседател Володимир Зеленски дали може да удри директно врз Москва и Санкт Петербург.

Зеленски, според наводите, одговорил дека Украина ја има таа способност – под услов да добие соодветно оружје од САД. Трамп наводно ја поддржал идејата, опишувајќи ја како начин „Русија да почувствува болка“ и да биде принудена да седне на преговарачка маса, велат извори запознаени со разговорот.

Овој став претставува значајна промена во реториката на Трамп, кој досега се залагаше за изолационистичка политика и ветуваше повлекување на САД од меѓународни конфликти. Белата куќа сè уште нема дадено официјален коментар.

Според западни функционери, разговорот е одраз на сè поголемата подготвеност кај западните сојузници да ѝ овозможат на Украина напад врз територијата на Русија.

Москва реагираше остро, предупредувајќи дека новите изјави на Трамп и испораката на оружје можат да ја турнат Русија кон нуклеарен конфликт. Ова следи по најавата на Трамп дека ќе ѝ испрати системи „Патриот“ на Украина и ќе воведе 100% царини кон Русија, доколку Кремљ не прифати мировен договор во рок од 50 дена.

„Ќе им дадеме системи ‘Патриот’, кои им се преку потребни, затоа што Путин говори едно, а дејствува сосема друго – ноќе ја бомбардира Украина“, изјавил Трамп пред новинарите во воена база кај Вашингтон.

Русија порача дека ѝ е потребно време да одговори на сериозниот ултиматум на Трамп, но останува отворена за нова рунда преговори со Киев, додека се чекаат конкретни предлози од украинска страна. Кремљ ги оцени изјавите како „сериозни“, но и „театарски“, како што изјави и поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, кој на социјалната мрежа X напиша дека Русија не се вознемирува од американските закани.

Воените кругови во Русија пак, возвратија со предупредувања. Аналитичарот Александар Сладков, близок до владејачката структура, изјави дека САД треба да се плашат од последици, бидејќи сите ги туркаат Русите да реагираат радикално и да ги претворат Киев и Лавов во нови Хирошима и Нагасаки.

Трамп исто така најавил нов договор за испорака на офанзивно и одбранбено оружје во вредност до 10 милијарди долари, финансирано од САД и нивните европски и канадски партнери. Доколку Путин не прифати преговори во рок од 50 дена, ќе следат нови драконски санкции.

Руски воени претставници возвратија со остри зборови: „Ако нашата земја биде нападната од американски ракети, како Југославија или Ирак, тогаш нашиот одговор ќе бидат ракетите ‘Јарс’“, се наведува во реакцијата.

„Јарс“ се руски стратешки интерконтинентални ракети на копнена основа, секоја способна да носи по три до четири нуклеарни боеви глави.

error: Содржината е заштитена од копирање !!