MKinformer

your daily dose of news

На денешен ден 1967 година Македонската Православна Црква прогласи афтокефалност

18/07/2025 8:28

На 18 јули 1967 година, во Охрид, за време на Третиот црковно-народен собор, Светиот синод на Македонската православна црква (МПЦ) донесе одлука за прогласување на нејзината автокефалност, како наследничка на обновената Охридска архиепископија. Одлуката ја објави тогаш новоизбраниот архиепископ Охридски и Македонски г. Доситеј, со световно име Димитрија Стојковски. По него, како поглавари на МПЦ беа избрани: г. Ангелариј (Цветко Крстевски), г. Гаврил (Ѓорѓи Милошевски), г. Михаил (Методи Гогов) и г. Стефан (Стојан Велјановски).

Чинот на прогласување на автокефалноста беше извршен на 19 јули 1967 година, за време на Светата Архиерејска Литургија, одржана во црквата „Пресвета Богородица Перивлепта“.

На 12 ноември 2009 година, црквата го надополни своето официјално име со „Охридска архиепископија“, со што уште еднаш ја истакна својата поврзаност со историската Охридска архиепископија.

Дополнително, беа изменети и симболите на МПЦ-ОА – на местото на дотогашниот симбол со црквата „Св. Богородица – Перивлепта“, беше прикажана црквата „Св. Софија“ во Охрид, која претставува историско седиште на архиепископите на старата Охридска архиепископија.

error: Содржината е заштитена од копирање !!