(Видео)Падна кров од бања во сместувањето на шпанка учесник на Младинската Олимпијада во Скопје
23/07/2025 7:01
Млада спортистка од Шпанија, учесничка на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) што се одржува во Македонија, објави видео на кое се гледа дел од паднат плафон во бањата на собата каде што е сместена. Инцидентот го сподели на социјалните мрежи, наведувајќи дека не поминале ни 72 часа од нивното пристигнување, а веќе се соочуваат со вакви услови.
По поплаките и разочарувањето кај македонските напреварувачи кои во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Автокоманда беа оставени во субстандардни услови и без храна, на што реагираа родителите, поплаките од италијанските натпреварувачи кои беа оставени сами пеш да одат на температури од 40 степени од смештајот до спортската сала Борис Трајковски, ова е ново брукање од страна на организаторот
Објавата предизвика реакции и отвори прашања за квалитетот на сместувањето на дел од учесниците на овој голем меѓународен спортски настан. Фестивалот опфаќа натпревари во 15 спортски дисциплини и се одржува во неколку градови – најмногу во Скопје и Куманово, додека спортската гимнастика ќе се одржи во Осиек, Хрватска.
И покарај толку скандали и пропусти организаторите сеуште немаат официјален коментар за ниту еден од овие немили настани, пропусти и случувања.
@anaestrellaa_ JAJAJAJA no tenemos ni más de 72h y ya se nos cae el techo #macedonia🇲🇰 #juegosolimpicosjiveniles #techo ♬ Jet2 Advert – ✈️A7-BBH | MAN 🇬🇧






