MKinformer

your daily dose of news

Трагедија на автопатот Тетово – Скопје: Тројца загинати во тешка сообраќајна несреќа

31/07/2025 17:47

Tешка сообраќајна несреќа се случи денеска околу 15:45 часот на автопатот Тетово–Скопје, кај клучката „Север“, во која животот го загубија три лица од Тетово, а едно лице е повредено.

Според информациите од СВР Тетово, во несреќата учествувале патничко возило „Опел Астра“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Т.И. (59), и автобус „Ман“ со скопски регистерски таблици управуван од Ш.Д. (62), исто така од Тетово.

Покрај возачот, во автомобилот загинале и сопатничките И.И. (55) и З.М. (71), сите од Тетово. Другиот сопатник, Р.И. од Тетово, се здобил со телесни повреди и е задржан на опсервација во Клиничката болница во Тетово.

Возачот на автобусот не е повреден.

На местото на несреќата веднаш пристигнале јавен обвинител, противпожарни екипи и полициски службеници. Увидот го спроведува дежурниот јавен обвинител заедно со увидна екипа од СВР Тетово.

Од полицијата најавуваат дека повеќе детали за причините и околностите на несреќата ќе бидат објавени по завршувањето на истрагата и целосното документирање на случајот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!