Свечена седница на Владата на Р. С. Македонија, по повод „Рамковниот Договор“
13/08/2025 9:10
Денес во Владата ќе се одржи одбележување на 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
По тој повод, Владата ќе одржи свечена седница, а свое обраќање ќе има премиерот Христијан Мицкоски.

Со Охридскиот рамковен договор беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година. Договорот беше потпишан на 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје од страна на тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, како и тогашните лидери на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ПДП, Имер Имери и на ДПА, Арбен Џафери. Потписи на договорот ставија и специјалните претставници на ЕУ и на САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју.






