Финансиската полиција со акција во Липково, Желино и Куманово – истрага за криминал од 7 милиони евра
25/08/2025 10:32
Управата за финансиска полиција рано утрово спроведе голема акција на неколку локации во Липково, Желино и Куманово, каде и понатаму се вршат претреси.
Според првичните информации, акцијата е резултат на подолга истрага поврзана со организирана криминална група.
Групата се сомничи за:
-
даночна измама,
-
даночно затајување,
-
злосторничко здружување,
-
перење пари.
Неофицијално, истрагата опфаќа криминал тежок над 7 милиони евра, извршен преку фирми кои се занимавале со набавка и продажба на нафтени деривати.
Повеќе детали за акцијата се очекуваат во текот на денот.






