MKinformer

your daily dose of news

27 пожари на отворено во Македонија: еден активен, под контрола пожарот во Јасен и на планината Кожуф

25/08/2025 8:31

Во текот на изминатото деноноќие, на 24/25 август 2025, на територијата на Република Македонија се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор.

Од нив, 1 е активен, 2 се под контрола, додека 24 пожари се изгаснати, информираат надлежните служби.

🔥 Активни пожари (1)

  • Општина Долнени: с. Долгаец (мешана шума).

🟡 Под контрола (2)

  1. Општина Македонски Брод – Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума).

  2. Општина Гевгелија – планина Кожуф (висока шума).

✅ Изгаснати пожари (24)

  • Шуто Оризари – с. Визбегово (ѓубре).

  • Ѓорче Петров – с. Никиштани (сува трева).

  • Бутел – с. Љуботен (сува трева).

  • Сарај – с. Арнакија (сува трева).

  • Гази Баба – с. Стајковци (фолија и насад).

  • Студеничани – м.в. Марков Рид (сува трева).

  • Студеничани – с. Драчевица (мешана шума и сува трева).

  • Прилеп – с. Мажучиште (сува трева).

  • Прилеп – Градски гробишта (сува трева).

  • Крушево – с. Пресил (сува трева).

  • Радовиш – (сува трева).

  • Василево – с. Василево (сува трева, трска и депонија).

  • Босилово – с. Моноспитово (сува трева и бандера).

  • Струга – с. Долна Белица (депонија).

  • Велес – с. Мамутчево (сува трева).

  • Велес – с. Клуковец – с. Баница (сува трева).

  • Зрновци – с. Зрновци (дива депонија).

  • Чешиново-Облешево – с. Теранци – с. Видовиште (стрниште, прнар и сува трева).

  • Куманово – кај Железничка станица (сува трева).

  • Липково – с. Опае – с. Ваксинце (сува трева и стрниште).

  • Тетово – кај пругата (ѓубриште).

  • Тетово – на влез во градот (отпад).

  • Желино – с. Палатица (сува трева).

  • Желино – пат с. Желино – с. Сиричино (дива депонија).

error: Содржината е заштитена од копирање !!