MKinformer

your daily dose of news

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, доби ордени од Зеленски

25/08/2025 12:32

По повод Денот на независноста на Украина, претседателот Володимир Зеленски објави список со околу двесте странски функционери и јавни личности, кои добија државни одликувања во различни категории.

Меѓу наградените е и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој беше одликуван со Орден за заслуги од трет степен. Орденот се доделува за особени заслуги во унапредувањето на меѓудржавната соработка, поддршката на украинскиот суверенитет и територијалниот интегритет, како и за добротворна работа и промоција на Украина во светот.

Истиот ден, Зеленски одликуваше и високи претставници од Хрватска. Премиерот Андреј Пленковиќ го доби Орденот на принцот Јарослав Мудриот од прв степен, а министерот за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман беше награден со Орден за заслуги од втор степен. Двајцата се признати за нивниот придонес во поддршката на Украина и зачувувањето на нејзиниот територијален интегритет.

error: Содржината е заштитена од копирање !!